Aмериканската амбасадорка во Северна Македонија Кејт Брнз преку својот профил на Твитер го осуди насилството во Вашингтон.
„Благодарна сум за загриженоста и поддршката од пријателите и партнерите во Северна Македонија кои ја искажаа својата постојана верба во силата и издржливоста на американската демократија.
Знам дека во деновите пред нас ќе бидеме посилни и подобри.
Голема утеха е што овие акти на насилство беа едногласно осудени во САД и низ целиот свет и за неколку часа, нашиот Конгрес го потврди изборот на Бајден за следeн Претседател на САД, а претседателот Трамп вети уредна и непречена транзиција на власта на 20 јануари.
Не може да има изговор за актите на политичкото насилство како нападот во средата врз Капитол“, напиша Брнз.
]]>


