Груби казнет со 500 евра за роденденската фотографија без маски

Државниот инспекторат за труд го завршил надзорот во Министерството за политички систем и утврдил дека министерот Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски, јави ТВ Телма.

Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба. Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја плати помалата од дваесет евра за неносење маска издадена од МВР како што добија и сите останати на фотографијата.

Претходно, министерството за внатрешни работи им испрати казнени налози за прекршување на мерката за носење маски во затворен простор на 15 функционери на ДУИ.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести