Домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците.
ОСИГУРАЈТЕ ГИ! За повеќе информации 15 770

Земјоделското осигурување, полека но сигурно се наметнува како неопходност во агробизнисот за сигурно и конкурентно производство.
Овој тренд особено го прати „СН Осигурителен брокер“, Осигурително друштво кое и оваа година продолжува да биде главен фактор кога станува збор за земјоделското осигурување. Тие од првиот ден силно влегоа во овој сектор. Екипирани со професионален кадар, водат кампања во медиумите и на терен, ги едуцираат земјоделците, воведуваат новитете и ги следат актуелните состојби во овој сектор.
-Особено не радува заинтересираноста на младите земјоделци. Бројните финансиски поддршки за земјоделство и рурален развој се едни од потикнувачите за многу млади луѓе да се одлучат да се занимаваат со земјоделска дејност. Тие се најчесто едуцирани со современи сваќања и за нив како СН осигурителен брокер сме особено интeресни. Знаат дека земјоделското производство е како и секој друг бизнис во кој треба да се вложува за да се произведе конкурентен производ кој ќе им донесе профит. Сигурноста која ја нуди осигурувањето е вложување кое се подразбира во еден таков процес – велат од СН Осигурителен брокер.



