Починати се 14 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца од Тетово, еден од Прилеп, еден од Охрид, двајца пациенти од Струмица и еден пациент од Струга. Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2116 оздравени пациенти од: -Скопје 1489, -Куманово 6, -Тетово 139, -Прилеп 19, -Гостивар 58, -Штип 8, -Битола 80, -Велес 45, -Охрид 3, -Струмица 55, -Кавадарци 35, -Струга 5, -Кочани 15, -Кичево 33, -Гевгелија 23, -Неготино 26, -Свети Николе 10, -Делчево 16, -Дебар 9, -Ресен 13, -Радовиш 5, -Берово 1, -Виница 6, -Пробиштип 4, -Валандово 3, -Демир Хисар 9, -Крушево 1.
Досега во земјата се направени вкупно 430.182 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461.
]]>


