Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена.
Ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството. Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории.
-Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев
]]>


