Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во придружба на полицијата попладнево влегле во куќата на лекарот и директор на струшката болница, доктор Мухамед Асани, потврдуват за Слободен печат од инспекторатот.
„Бидејќи во тек е стручен надзор, во овој момент не можеме да споделуваме информации со јавноста”, велат оттаму.
И од МВР потврдуваат дека нивни екипи асистирале во операцијата, но зошто била потребна нивната асистенција, со каква цел било влегувањето во домот на докторот засега не се открива.
Да потсетиме, пред 3 дена, Сител го објави потресното сведоштво на родилката од Дебар за Сител. 28-годишната Јилдиз Веповска цели четири седела во агонија во струшката болница пред докторите да проверат зошто таа има силни болки во стомакот.
Повеќе на линкот: Слободен печат
]]>


