Рудан: Кажи, женска, како се вика „свињата“, и на Милена не ѝ беше лесно



Хрватската писателка Ведрана Рудан на свој начин го коментираше случајот со професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, откако актерката Милена Радуловиќ, заедно со уште неколку поранешни негови ученички го обвинија за силување.

Коментарот објавен на нејзината веб-страница го пренесуваме во целост:

Во Србија се откри дека во Белград живее „угледниот“ професор по глума, Мирослав Мика Алексиќ, кој, додека го пишувам ова, е обвинет за осум силувања. „Угледниот“ е приведен, а полицијата бара негови жртви кои сè уште молчат. Србија е на нозе. „Господинот“ ќе служи помеѓу пет и петнаесет години доколку се докаже неговата вина.

Во Хрватска, такво лице, доколку биде откриено и докажано дека е виновно, би служело помеѓу нула и нула години. Жените, кои би го пријавиле, би морале да си го стават домот под хипотека за потоа да му платат отштета за навреда и клевета. Во Хрватска, еминентни професори, доктори и други моќни луѓе не силуваат.

Кога било која жена би ги обвинила за такво нешто, за кратко се дознава дека жената била „ку’ва“ и дека на колена ги молела професорот, докторот и сите други да ѝ го стават, колку погрубо, толку подобро. Образованите луѓе тука знаат дека најголемиот хрватски писател на сите времиња, Мирослав Крлежа, рече дека некаде прочитал дека „кога ги силуваат жените доживуваат најсилен оргазам“.

Затоа силуваните хрватски жени, за разлика од српските, молчат. Зарем не молчат? Се јавија деновиве? Да, но како: „И мене ме силуваа“, „И меене ме силуваа…“, „И мене…“, „И мене…“… И потоа ќе се јави некоја „деканка“ и ќе апелира до сите силувани кои се уште не се изјасниле порачувајќи им „јавете се силувани, анонимноста Ви е загарантирана“.

За што се работи овде? Што ѝ прави силувањето на жената, знае секоја од нас затоа што секоја од нас е силувана. Една во школата за глума, друга во грмушка, трета на бирото на шефот, милиони други дома… Не е кул да признаеш дека си силувана, туку кажи, женска, кој те силувал. Кажи девојко како се вика „свињата“. Хрватките тука се многу воздржани. Тие биле силувани од Некој Непознат.

Дали жалните озборувања после силувањето се вистинскиот начин да се бориме за достоинство? Драги мои, така нема да стигнеме далеку. „Зае’и“ тоа… Девојки, кажете ги имињата на криминалците. „Загарантираната анонимност“ е само покана до силувачите повторно опуштено „да го извадат и да го стават“.

За да не помислите дека не ве разбирам, ќе ви раскажам една риечка приказна. Во нашиот КБЦ работи хирург кој силуваше докторка, таа мораше да ја напушти земјата. На една медицинска сестра, за време на посетата на болен, тој ѝ рекол дека „ќе ѝ го стави во задникот“. Таа го пријави, дури и го доби внатрешниот спор, и сега работи во Германија. Докторка за време на стажирање, заспала на столот и ја разбудил тепајќи ја со ку’от по лице. Неговото име се „влечеше“ по весници и портали, но не ја изгуби работата ниту угледот затоа што е „одличен хирург“. Според мене, одлучувачкиот фактор беше дека живее во Хрватска.

Се разбира, ваквите приказни од хрватскиот живот обесхрабруваат, но мора еднаш да се почне. Јас веќе не сум во игра. Единственото нешто што можам да го направам, го правам, секој ден им ја кажувам вистината за мажите на моите внуки…

Имињата, девојки, кажете ги имињата на криминалците. Мислите ли дека на српската актерка Милена Радуловиќ ѝ било лесно пред да одлучи да го каже она што веќе долго време е познато?

Хрватки! Бидете Милена Радуловиќ! – напиша Рудан.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести