Започна историското судење на Доналд Трамп

Во американскиот Сенат започна второто судење за отповикувањеto на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Ова, на многу начини, историско судење ќе биде обележано со фактот дека ова е првпат поранешeн претседател да се соочува со разрешување од функцијата.

Иако се нарекува судење, овој процес во Сенатот не е од правен, туку од политички карактер.

За потсетување, на поранешниот претседател ќе му се суди за поттикнување бунтот што се случи на 6 јануари во Капитол Хил, кога настрадаа шест лица.

Денес, Сенатот ќе расправа дали ова судење е уставно, имајќи го предвид фактот дека Трамп повеќе не е претседател на Соединетите Држави.

Според Си-Ен-Ен, постојат мали шанси Трамп да биде прогласен за виновен. Потребни се најмалку 17 гласа на републиканците, а веќе 45 од 50 гласаа судењето да се прогласи за неуставно.

]]>

Најчитани вести