Наша цел е да изградиме систем кој ќе функционира и ќе биде отпорен на притисоци и ќе даде видливи резултати, рече министерот за правда Бојан Маричиќ, во емисијата „24 анализа“.
„Денес дознав дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот „Сообраќајката кај Млечен ресторан“ и дал 2 години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило“ – рече Маричиќ.
Во сообраќајната незгода кај „Млечен ресторан“ загина Гоце Димитриевски од Тетово, а неговата сопруга Наташа го загуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди. Судскиот процес за оваа сообраќајна незгода го доби вниманието на јавноста затоа што сторителот на сообраќајната несреќа, Васил Чорбаџиев, доби условна казна за делото.
]]>


