-За време на упадот во Капитол, разбеснетите демонстранти преку Интернет се координирале и се договарале како да го фатат потпретседателот. Новинарите од Капитол изјавиле дека слушнале како хулигани како го бараат Пенс за да го убијат, рече Стејси Пласкет.
На безбедносните снимки се гледа како Пенс и неговото семејство набрзина се симнуваат по скалите. Потпретседателот накратко се врти назад. Во истата временска рамка, демонстрантите се веќе влезени во сите делови на зградата. Кога стигнале најгоре на скалите, тие биле на само 100 метри од местото каде што се криел поранешниот потпретседател со своето семејство, рече Пласкет.
На едно од прикажаните видеа, се слуша како толпата скандира „бесилка за Мајкл Пенс“.
Во вториот дел од нејзината презентација, Пласкет откри дека човекот сликан во канцеларијата на Ненси Пелоси носел пиштол на струја од 950 000 волти.
Барнет, кој ѝ остави порака на Пелоси, подоцна на социјалните мрежи се пофали со сквернавењето на нејзиниот кабинет. Пласкет исто така покажа фотографија од пораката што Барнет ѝ ја остави на Пелоси. На неа напишал„Нема да се откажеме“.
Барнет, граѓанин на Алабама, е обвинет за учество во нападот на Капитол Хил. Покрај тоа, обвинението го поврзува и со бомбата што ја нашле на јужната страна од зградата, 11 молотови коктели и воено оружје што го нашле во неговиот автомобил.
]]>


