Од ИО за вонреден конгрес посочуваат дека Мицкоски, наместо да даде отчет, ги навредува и оние кои го гласаа за лидер во 2017 година.
„ ,Заробеници’, ,слуги’, ,гадење’, ,криминални обиди’, ,стопан Заев’… се само дел од епитетите со кои Мицкоски вчера ги навредуваше делегатите што го избраа и му доверија партија од 150 000 членови. Нивниот единствен грев е тоа што тие очекуваат од човекот што го избрале да им објасни дали партијата ја водел успешно или не? Дали смета дека имал успеси или порази ? Нивниот грев е тоа што бараат објаснување дали власта била толку добра или Мицкоски бил лош за да победи на избори ?Наместо одговори и отчет пред оние кои го избрале, Мицкоски возвраќа со навр еди кои се срам за секој чесен член на партијата. Недоличниот вокабулар на Мицкоски и заканите кои ги упатува ги препознаваат и граѓаните и меѓународната заедница. Затоа Мицкоски е изолиран“,се наведува во реакцијата на Иницијативниот одбор.
Од ИО оценуваат дека Мицкоски нема капацитет да ја води партијата, штп, како што велат, резултира со видлива несигурност и немир, кои предизвикуваат панични реакции на ароганција, гнев и навреди кои сие оние што се охрабруваат да ја кажат вистината што ја гледа целата јавност.
„Вистината е дека Мицкоски е неспособен да ги привлече симпатиите на граѓаните и служи само како спаринг партнер во изборните победи на власта. Партиските членови и граѓаните ја препознаваат ароганцијата со која што ја прекрива сопствената несигурност и со тоа ја влече партијата надолу. Затоа Мицкоски бега од соочување со одговорноста. Затоа на Мицкоски му е неопходно членка на Централниот Комитет на последната седница да бара збор за дискусија и да му кажува ,насмејте се претседателе’, се наведува во реакцијата на ИО за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
]]>


