Филипче: Ако има бран од британскиот сој на ковид-19, можно е да има нови рестрикции

Венко Филипче вели дека се следи ширењето на новиот британски сој на ковид-19 и доколку се зголеми бројот на инфицирани лица постои можност од воведување засилени рестриктивни мерки. Во изјава за ТВ 24, Филипче вели дека засега нема потреба од такво нешто, а постојат две опции:

„Разговарав со претставници од британската амбасада кај нас, ја следиме ситуацијата, постојат две опции – или силниот бран се должи на мутацијата на вирусот, што значи дека ако значајно се зголеми бројот на случаи веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки или едноставно станува збор за природен тек на епидемијата во тие земји, не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега, со овој процент на детекција на мутацијата на вирусот, нема потреба да се воведуваат нови рестриктивни мерки, но будно ја следиме ситуацијата и гледаме како ќе биде“, рече Филипче.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести