Заев ѝ врати на Захариева: Очекувам соседите да бидат пријатели, од нас можат да очекуваат само пријателство

Македонскиот премиер Зоран Заев не се согласува со тврдењето на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која кажа дека не е во ред да се добиваат избори на антибугарска политика. 

„Можам да кажам само дека со пријателски наратив, со подадена рака, со политики кои и за време на кампањи и избори биле за градење на пријателство со сите соседи и со Бугарија, добивавме избори. И еве потврдивме добивање избори на 15 јули 2020 и тоа е какви сме ние. Очекувам соседите да бидат пријатели, од нас можат да очекуваат само пријателство, подадена рака, ние сме градители на пријателство регионот и немаме ниту лоши мисли ниту лоши намери кон никој од соседите, така и кон пријателска Бугарија. Верувам дека во иднина ќе правиме заеднички напори да постигнуваме договори, да градиме пакти, акциски планови, сериозни инвестициски програми, економско и какво било поврзување итн“, рече Заев.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести