Државен завод за статистика: Oколу 4.000 кандидати досега се пријавиле на Конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори

Државниот завод за статистика денеска соопшти дека има добар одзив на јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

„Пријавувањето на учесниците до овој момент се одвива добро и веќе се пријавени околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори“, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.

„Пријавувањето е многу едноставно, преку електронската апликација поставена на веб страницата: https://popis2021.stat.gov.mk/ каде што може да се најдат сите информации за повикот.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини. Пријавувањето трае од 23 до 28 февруари“, се објаснува со соопштението.

Државниот завод за статистика информираше дека соодветниот надомест за реонските попишувачи и инструктори ќе биде според Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за утврдување на надоместокот за извршените работи на учесниците во Пописот, 2021 година.

„Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува:

  • за попишувач паушален износ од  4.000,00 денари;
  • за секое попишано лице  по 30,00 денари;
  • за секој попишан стан по 20,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство по 50,00 денари;
  • за лице определено за резерва паушал од 5.000,00 денари;
  • за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700,00 денари дневно. 

Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува:      

  • за реонски инструктор  паушален износ од  5. 000,00 денари;
  • за секоe попишано лице од попишувачот  по 3,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари;
  • за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денари“, стои во соопштението.

„Ги поттикнуваме сите заинтересирани лица за учество во пописните активности да се пријават на Конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори, а крајниот износ на надоместот ќе зависи најмногу од нив – од нивната професионалност, посветеност и квалитетот на извршеното попишување“, повика преку соопштението Државниот завод за статустика.

https://www.youtube.com/watch?v=EPAX281D2SI&feature=emb_title

]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести