Oсум лица над 100 години пријавени за вакцинација против Ковид

Осум луѓе на возраст од над 100 години се пријавиле за вакцинација против вирусот Ковид-19, објави Канал 5. Најстариот пријавен граѓанин за имунизација е на возраст помеѓу 103 и 106 години. Седум се на возраст од 100 до 102, а 12 помеѓу 97 и 99 години.

Преку „Вакцинација.мк“ вкупниот број на пријавени е 75.900 граѓани, а уште 52.351 граѓанин преку матичните лекари.

Претходно од Министерството за здравство соопштија дека од вкупно пријавените 128 251 за вакцинација, 60.959 се на возраст над 70 години. 

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести