Вархеји ја пофали и новата методологија за преговори благодарение на која се надмина ветото на Франција за почетокот на преговорите со Албанија и Северна Македонија.
-Оваа нова методологија веќе се одразува во нацрт преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија. Земјите членки сѐ уште не постигнале договор за нив и разговорите продолжуваат во Советот. Ги поддржуваме овие напори и се надевам дека првите меѓувладини конференции ќе можат да се свикаат што е можно поскоро под португалско претседателство, изјави Вархеји.
Веднаш потоа еврокомесарот порача дека сите услови се исполнети за одржување на првата меѓувладина конференција со Албанија и дека земјата остварила голем напредок во делот на правдата, владеењето на правото и изборното законодавство.
За Северна Македонија, Оливер Вархеји изјави: „Северна Македонија задржа стабилен чекор во имплементацијата на ЕУ реформите, посебно во делот на фундаменталните услови. Важно е да се изнајде заеднички прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија брзо“.
MИА
]]>


