Тој нагласи дека апликацијата функционира едноставно, со што околу 50 илјади граѓани се самопопишани во првите десет дена, а амбасадите низ целиот свет се ангажирани да направат акциски планови за да можат да стигнат до секој граѓанин.

-Во Рим имавме исклучително добри посети. Се сретнавме со наши граѓани и со здруженија на граѓани. Луѓето се посебно заинтересирани за пописот, но и воопшто за враќање на врските во земјата. Следната недела заминуваме за Берн и Шпанија. Затоа е важно да им обезбедиме на луѓето информации, да ги слушаме, да бидеме трпеливи. Луѓето ќе го ценат тоа, а и целиот овој процес е важен за сите нас, истакна министерот за надворешни работи.
Тој вели дека дипломатијата има за цел да обезбеди поголемо учество на дијаспората, со што ќе има правилно мапирање и дистрибуција на граѓаните надвор, како и дека со веродостојни податоци се отвораат нови можности за државата, дијаспората и МНР. Податоците, додаде тој, исто така, обезбедуваат политики за привлекување на граѓаните за враќање во државата.
МИА
]]>


