Рашковски за „Фокус“ потврди дека е во Мексико

Поранешниот генерален секретар на Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, Драги Рашковски самиот потврди дека е во Мексико.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14. и таму ќе бидеме до 31. овој месец“, изјавил Рашковски за „Фокус“.

На прашање, дали побегнал, како што се пишува, Рашковски одговора: „Зошто би бегал?“

Рашковски деновиве е актуелен во јавноста по сториите што ги објави „360 степени“ поврзани со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој тој ја направил во времето кога беше генерален секретар на Владата.

Пред 6 дена Рашковски се огласи преку Фејсбук и напиша:

„Не сум патентирал никаков софтвер. Во С. Македонија не е можно да патентираш софтвер, туку само идеја – постапка. Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев Генерален секретар.

За да биде уште појасна огромната разлика меѓу идеја и софтвер (производ), ја информрам јавноста дека уште во 2013 година имам патентирано идеја и за гласање со отпечаток од прст. И ја користам оваа прилика од напред да отфрлам каква било поврзаност на мојата патентирана идеја со било каков евентуален софтвер кој државата евентуално би го набавила после евентуален политички договор за употреба на таков софтвер за изборни процеси. Имам патентирани идеи и за попис од 2013 година, за поврат на ДДВ од 2016 година. Не е во ред да бидам напаѓан затоа што сум имал идеи и истите сум ги патентирал, а денес се достапни како јавни добра и за нашата земја и за светот“, објави Рашковски преку Фејсбук.

Каде е Рашковски денеска новинарите го прашаа и премиерот Зоран Заев, кој рече дека не знае за секој вработен во Владата каде е и дали можеби некој користи одмор и најави дека ќе провери каде е Рашковски и ќе ја информира јавноста.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести