„Апелираме до надлежните овој случај да го решат што поскоро, пред се во име на хуманоста, но и во име на здравствените работници, односно медицинските сестри кои се незаменлива алка во здравствениот систем. Само на тој начин ќе се врати довербата во системот и во правичноста на нашата држава“, стои во соопштението на ЗМСТАС.
„Сестра Веапоска по траумите кои и беа предизвикани при породувањето во струшката болница побара наша поддршка и реакција која секако ја добива како наш член, наша колешка, но и како жена и мајка која заслужува правдата да излезе на виделина. За жал предизвиканата штета е непоправлива, но овој случај мора да има транспарентен крај.“ – реагираат од извршниот одбор на Унијата.
Унијата на ЗМСТАС ги повикува сите членови и хумани луѓе јавно да ја дадат својата поддршка преку потпишување на петицијата и да побараат решавање на целиот случај.
]]>


