Тале Герамитчиоски, поранешен пратеник на СДСМ, ја изгубил битката со ковид-19

Tале Герамитчиоски (59), поранешен заменик-министер за образование и пратеник на СДСМ, починал синоќа, според информациите, од компликации од ковид-19.

Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.

Сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со Герамитчиоски.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести