-Прво треба да излезат во Службениот гласник на Градот, а потоа стапуваат во сила и ќе започнеме да ги решаваме тие проблеми. Во однос на реакција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за наводни законски грешки и судски пат, Законот во член 8 предвидува две ситуации во кои што не можете да користите таква одлука, а тоа е најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис, посочи тој.
Градоначалникот Шилегов истакна дека одлуката е донесена на 30 март, а изборите се одложени за втора половина на октомври.
-Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да научат основна математика. Во однос на пописот се зборува за планиран односно редовен попис. Овој попис што беше најавен за сега, а е одложен за во септември е вонреден и не е планиран, изјави Шилегов.
Тој додаде дека ќе Град Скопје ќе изврши нарачка на соодветни табли за таму каде што е предвидено да се заменат и нема посебен план од каде би започнала промената на таблите.
МИА
]]>


