СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик – целта беше изборен грабеж

На Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до консензус. Целта е една  – изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови од дијаспората.

Истата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ.

Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија?  

Постојано само лаги и спинови.

Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. Откако не му пројде моделот за електронско гласање на дијаспората,  се обиде да протне нов за гласање по пошта – и повторно без никаква контрола и без да се гарантира волјата на граѓаните. 

Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови.

Реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес. 

СДСМ има принципиелен став, нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации.Скопје, 08.07.2026

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести