Потполковникот заразен со ковид утрово пристигна од Централноафриканската Република

Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска информира дека рано утрово од Централноафриканската Република пристигна потполковникот, кој е позитивен на ковид-19. Тој се чувствува добро, добро го поднесе летот и е сместен на Инфективната клиника, напиша Шекеринска на Фејсбук.

„Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ нè информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен“, додаде министерката.

Потполковникот на Армијата, кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести