Нови седум случаи на Ковид-19, сите од Скопје, починаа 18 лица, од кои 9 се од април

Во изминатите 24 часа се регистрирани седум нови случаи на Ковид-19 од направени 1.418 тестирања. Сите нови пациенти позитивни на коронавирусот се од Скопје.

Регистрирани се 71 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 18 починати лица, од кои седум од Скопје.

Министерството за здравство информира дека од вкупно 71 оздравен пациенти, од кои во Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – четири, Штип, Кочани и Пробиштип по три, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница по двајца, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица по еден пациент.

Пријавени се вкупно 18 починати лица. Од нив, седум лица починале во Скопје, од кои најмладиот на 41 година, а најстариот на 86 години. Тројца починати се од Тетово, на возраст од 69, 72 и 81 година и тројца во Гостивар, (две лица на возарст од 68 години и еден на 77 години. Починати се две лица од Прилеп, на 80 и 90-годишнавозраст и по едно лице од Виница (76 години), Македонска Каменица (77 години) и Дебар (92 години). Од пријавените, девет лица се починати  во домашни, а останатите девет во болнички услови.

Пријавените девет лица починати во домашни услови се од април 2021 година.

Направени се 1.418 тестови преку: ИЈЗ-140, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово –0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-133, Биотек-194, Систина-353, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 440.

Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.

в

]]>

Најчитани вести