Јасмина Василковска е третиот македонски донор на срце, била мајка на 10 месечно бебе

Големината и човечноста на семејството Василковски не се опишува едногласни се докторите кои учествуваа во трансплантацијата на органите од 40 годишната, Јасмина. Жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи била мајка на десет месечно девојче кое долго го очекувала. Нејзини блиски преку социјалните мрежи се простуваат после мозочниот удар што не успеала да го преживее.

Министерот Венко Филипче денеска се сретна со нејзиното семејството.

Ова е трет случај на трансплантација на срце во земјава. Претходно донори беа Емилија Динева и Верица Белчовска и двете трагично загинати во сообраќајни незгоди.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести