Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во обраќање пред јавноста по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик.
„Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден“, се обрати Ахмети.
Во своите јавни настапи Ахмети, кој е присутен на политичката сцена речиси две децении, секогаш говореше на албански јазик.
Минатата година Ахмети прозборе на македонски јазик на средба со граѓани во Пласница во рамки на кампањата за референдумот.
]]>


