Ковид-19 потврден кај 21 лице, еден починат и седуммина оздравени

Дваесет и еден нов случај на КОВИД-19 од направени 4370 тестирања, еден починат и седум оздравени пациенти се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Шест од новодијагностицираните се од Кичево, по четворица од Скопје и Тетово, двајца од Прилеп и по еден нов случај имаат Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид.

Починатото лице е 72-годишен од Куманово, кој починал во болнички услови.

Четворица од седумтемина оздравени се од Скопје, двајца од Кичево и еден од Струмица. Активни случаи на КОВИД-19 во земјава има 438, од кои 189 се во Скопје.

Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна 155 528 од вкупно направени 831 031. Починаа 5471, а оздравени се 149 619 пациенти.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести