Приведено едно лице, расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин"

Mинистерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистена тешка кражба и е приведено едно лице.

Како што се наведува во соопштението вчера (08.07.2021) во 13.00 часот во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани е лишен од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Делото било пријавено на 07.07.2021 во ОВР Кочани, а било изврешено околу 12.00 часот од куќа на ул.„Евлија Челеблија“ во Кочани. Крадецот одзел пари, накит и други предмети.  Набрзо од страна на полициски службеници утврден е идентитетот на сторителот Р.А., кој е приведен, а дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

По комплетно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника