ЕУ ја отстрани С Македонија од листата на безбедни земји

Европската Унија денеска ја отстрани С Македонија од ковид-листата на безбедни земји што може да значи построги гранични контроли за македонските државјани при влез во некоја од државите чкенки. Покрај земјава, од листата се отстранети и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора.

Со оваа одлука, македонските граѓани, како и граѓаните на останатите земји кои се отстранети со последното ажурирање на листата, ќе се соочат со поголеми ограничувања при влез во некоја од земјите членки на ЕУ, особено за несуштински патувања. Оваа одлука на ЕУ не е обврзувачка за земјите-членки, бидејќи секоја од нив има свои правила за влез.

]]>

Најчитани вести