Пахор – Заев: Словенија и цела Европа поддржуваат почеток на преговорите за Северна Македонија

Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение, истакнале премиерот Зоран Заев и словенечкиот претседател Борут Бахор на денешната средба одржана на маргините на Бледскиот стратешки форум.Пахор на средбата го афирмира ставот дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

– Премиерот Заев и претседателот Пахор на средбата споделија дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на политичките лидери на Европа.

Претседателот на Владата Зоран Заев потенцираше дека Европа препозна дека граѓаните на Северна Македонија покажаа храброст и ги прифатија европските вредности и дека земјата направи сѐ за да продолжи по европскиот пат напред.Премиерот Заев ја поздрави определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

https://www.youtube.com/watch?v=St0kqm4grMg&feature=emb_title

MИА

]]>

Најчитани вести