Бугарија донираше повеќе од 50.000 вакцини „Фајзер“ на Македонија

Вчера Македонија доби донација од повеќе од 50 илјади вакцини на „Фајзер“ од Бугарија. Ова го напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните мрежи.

„Вчера Северна Македонија доби донација на повеќе од 50 илјади „Фајзер“ вакцини од Бугарија, кои се веќе дистрибуирани и подготвени за употреба. Важен гест за пријателство и солидарност“, напиша Османи.

]]>

Најчитани вести