Турска пита што го воодушеви светoт: Нема кори и се прави многу лесно, видеото со рецептот има 10 милиони прегледи!

Питите се одличен оброк што може да се јаде во различни пригоди. Тие се одличен појадок, вечера, ужина или предјадење. Најпознати пити се бурекот и гибаницата, а вистинска „убавица“ е и гужварата. Кога ви требаат брзи решенија, одлучете се да направите пита. Во продолжение рецепт за пита со зеленчук, без кори и се прави брзо и лесно. Сите состојки се мешаат заедно и се пече во рерна. Оваа турска пита со зеленчук го воодушеви цел свет, а видеото на Јутјуб има над 10 милиони прегледи.

Состојки:

2 компири
2 домати
3 зелени пиперки
2 млади кромидчиња
4 јајца
1 лажичка сол
100 гр фета сирење
1 шолја масло
1,5 шолји млеко
3,5 чаши брашно
2 кеси прашок за пециво

Подготовка:

Компирите, доматите, зелените пиперки и зелениот кромид исечкајте ги на ситни коцки. Доматите прво излупете ги и исцете им го сокот. Јајцата се матат, па се додава зеленчукот, солта, сирењето, маслото и млекото. Добро промешајте и на крајот додадете ги и брашното и прашокот за пециво. Тавата за оваа смеса треба да ви биде број (дијаметар од) 32 и премачкана со путер.

Истурете ја сместа и посипете ја со рендано сирење. Печете на 200 ° C околу 30-35 минути.

https://www.youtube.com/watch?v=ivGBuk0MW_Q

Добар апетит.

]]>

Најчитани вести