Приведени четири лица кај кои е пронајдена дрога

 Четири лица од тетовското село Пирок се приведени во Охрид на булеварот „Македонски просветители“ откако кај нив е пронајдена дрога.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера се приведени Х.Ќ.(26),  Љ.А.(23), М.П.(23) и С.У.(23). При контрола на возилото „ауди“ во кое се превезувале, пронајдени се кеса со кокаин и марихуана.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна  пријава. 

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести