Aвстралиски суд одлучи: Ѓоковиќ после секој „гем“ да оди на судење

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да учествува на овогодинешниот „Австралија опен“, но по секој одигран гем ќе мора да оди на судење, е одлуката на судот во Австралија, пишува сатриричниот портал „Њузнет“.

Како што наведе судијата Ентони Кели, на овој начин е направен компромис меѓу сите кои сакаат да го депортираат Ѓоковиќ од Австралија и оние кои се „за“ да му се даде можност на овој тенисер да го освои уште еднаш трофејот во Мелбурн.

„Судењето ќе трае сигурно во текот на првите неколку кола, кои повторно ќе бидат подолги од вообичаено, бидејќи Ѓоковиќ по секој гем ќе мора да оди на ново рочиште на суд, па ќе се враќа на теренот, и така триесет пати во текот на натпреварот. Секако, пред секој нов гем ќе мора да се загрева некое време – рече судијата Кели и напомена дека дополнителна компликација ќе биде тоа што Ѓоковиќ ќе мора и да се пресоблекува за да дојде на суд како што треба затоа што никој во судница не сака да види испотен човек во маица и шорцеви.

Правниот застапник на тенисерот, Ник Вуд, вели дека поднеле жалба на оваа одлука и дека бараат судницата да се премести до тениските терени за Ѓоковиќ да не губи многу време во текот на натпреварите.

„Оптимисти сме бидејќи мислиме дека веднаш може да се изгради монтажна судница. Исто така, бараме судот да ја преиспита одлуката и да му дозволи на Ѓоковиќ да оди на судење по секој втор гем, кога има кратка пауза, во која додека неговиот противник размислува за тактиката и се одмора, Новак ќе може да одговори на сите прашања – вели адвокатот на Ѓоковиќ.

Како што неофицијално дознава „Њузнет“, постои можност оваа одлука да биде изменета во жалбената постапка и на Ѓоковиќ да му биде дозволено да ги игра сите натпревари без прекин, но под услов додека игра и да одговара на прашањата на обвинителството.

Ова вест е со сатирична содржина и не треба да се сфати сериозно.

]]>

Најчитани вести