„На денешната средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, се информирав за актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите, за преземените мерки, за идните мерки што треба заеднички да ги преземеме за заштита на животните и справување со болеста.
Разговаравме и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство.
Со АХВ постигнавме големи успеси во периодот 2017-2019:
-Се изработија законите за нус-производи од животинско потекло, за идентификација и регистрација на животни, за заштита и благосостојба на животните, за донирање на вишокот на храна
-Се воведоа нови програми за високо ниво на безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните
-Европската комисија ја рангираше АХВ за најдобра институција во регионот во областа на безбедност на храна и ветеринрство
Безбeдноста на храната и благосoстојбата на животните останува наш приоритет“, напиша на својот фејсбук-профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.



