Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: • Скопје – 702• Битола- 158• Прилеп – 116• Куманово – 55• Кавадарци – 48• Охрид – 33• Штип – 30• Велес – 28• Струмица – 27• Радовиш – 26• Валандово – 24• Гевгелија – 23• Тетово – 21• Гостивар и Кичево – по 19• Ресен – 16• Кочани, Неготино и Крушево – по 14• Свети Николе – 12• Берово и Пробиштип – по 8• Струга и Крива Паланка – по 7• Богданци – 4• Пехчево и Демир Капија – по 3• Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2• Делчево, Дебар и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.
]]>


