Охридскиот градоначалник за Водици бил позитивен на Ковид 19

Неколку медиуми објавија дека охридскиот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков,  наместо да се изолира по направен тест за Ковид – 19 се појавил на одбележувањето на Водици, се гушкал со граѓани, се ракувал со гостите, а по прославата добил позитивен тест.

Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид – 19  и на Водици излегол да ја следи манифестацијата оти побарал тест заради патување, не поради тоа што се чувствува лошо. Тој потврдил дека добил позитивен тест, но следниот ден го повторил тестот и добил негативен резултат.

На својот Фејсбук профил, Пецаков го објави сертификат на кој се гледа дека резултатот од тестирањето направено на 21 јануари е негативен, но претходно Пецаков никаде нема објавено дека првиот ПЦР тест што го направил покажал дека е позитивен.

Тој за Водици биле во контакт со многу луѓе, меѓу другите и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Извор: Фронтлајн


]]>

Најчитани вести