Хрватската музичка легенда Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст.
Оваа информација ја потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки. Тој рече дека на пејачот утринава му се слошило и дека завршил во болницата во Ново Место, Словенија.
„Пред еден час ми рекоа дека починал, се уште не ја знаеме причината за смртта# – изјави Осредечки за „24сата.хр“.
На социјалните мрежи групата „Парни ваљак“, чиј фронтмен беше Рахимовски, се простија од него.
https://www.youtube.com/watch?v=11EqUntFbo0
Александар “Аки” Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје, каде тој учи да свири клавир, а подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи. Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.