
Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата во КИЦ присуствуваа истакнати автори, режисери, актери и млади уметници кои континуирано остваруваат соработка со македонскиот културен центар, на кои министерката Костадиновска Стојчевска им се заблагодари за поддршка во промовирањето на настаните кои се организираат во овој културен простор.
-Денешната посета на Софија е во насока на продлабочување на соработката и да покажеме дека можеме заедно да работиме на големи проекти во културата, истакна министерката Костадиновска Стојчевска и додаде дека, за таа цел, ќе биде договорен и календар на културни активности кои ќе бидат рамката за реализација на нашата заемна понатамошна соработка.

Министерката упати благодарност до директорот на Културно-информативниот центар Сашко Насев за неговата посветеност и придонес кон продлабочувањето на културните врски меѓу двете земји.Минатата година, и покрај пандемијата, во Софија се реализираа настани и активности преку кои беа претставени бројни македонски уметници од сите генерации.
MИА
]]>


