Сега нивните пратенички мандати треба да бидат верификувани уште на пленарна седница во парламентот, преку Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Санела Шкриељ беше дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика во преодната влада пред парламентарните избори во 2020 година, а во парламентот влегува како кандидатка од втората изборна единица, на местото на Славјанка Петровска која стана министерка за одбрана.
Марија Кочовска е од Демир Хисар и на последните парламентарни избори беше на листата во петтата изборна единица од каде што доскорешната пратеничка и нова потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го напушти пратеничкото место поради преземањето на новата функција – министерка за култура.
Извор: 360 степени
]]>


