Ова денеска го истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска на работната средба со претседателката на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева.
Здружението, како што посочи УЈП, е формирано од текстилни работнички и активисти за заштита на човековите и работничките права кое веќе пет години активно ги афирмира и популаризира проблемите на работниците, кршењето на нивните права, а преку едукации, трибини, конференции, семинари ја подига свеста и ги охрабрува работниците да ги уживаат своите права и да пријават било какво прекршување.

Ампева истакна дека УЈП во рамките на своите надлежности досега излегла во пресрет на повеќе барања на „Гласен Текстилец“ и се надева дека така ќе биде и во иднина.
– Соработката е интезивна и истата ќе продолжи со цел на секој работник да му се обезбедат пристојни услови за работа, почитување на работното време и соодветна заработувачка за својот труд, наведуваат од УЈП.
MИА
]]>


