Тандемот Славески/Арсовска, уште во 2019 се изјаснија: Дефинитивно сме против вештачко зголемување на минималната плата!

ДРАГАН МИШЕВ

Поранешниот министер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески, во изјавата во вестите на ТВ 24  вели дека барањата на Сојузот на синдикати на Македонија да има покачување на минималецот на 18.000 денари се неприфатливи. За него поприфатливи се барањата на работодавачите, кои бараат да се промени методологијата за пресметка на минималецот, односно поголема тежина да има порастот на цените во усогласувањето на минималната плата. Според нивната методологија, наместо зголемувањето на минималната плата да биде  во висина на предложените од Владата и прифатени од ССМ, 18.000 денари, минималната плата би изнесувала околу 16.000 денари.

„Во спротивно, ова што го бара Синдикатот, се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, изјави Славески. Според него, вaквото зголемување од 18.000  би придонело најголем дел од компаниите во Република Северна Македонија да затворат.

Претседателот на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии Трајко Славески гостува во вестите на ТВ24, јануари, 2022 година

Ваквиот став на Славески предизвика револт кај синдикалците од ССМ, особено што доаѓа во екот на веќе тензичниот дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата за раст на минималната плата, кои го обвинија Славески дека застанува на страната на газдите.

ССМ на својата фејзбук страница испрати иронична порака:

„Го разбираме Трајко Славески поради тоа што тој во Македонија прима плата во висина на минимална плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија. 50% од просечната плата во Германија е 1.400 евра, а во Македонија 14.000 денари, па веројатно му е тешко да го преживее месецот како на 110.000 работници, па затоа ги поддржува работодавачите, а не работниците.“

На страна на работниците или на страната на крупниот капитал?

Синдикатите, а и поголемиот дел од демократската јавност, во изјавата на Славески препознаа јавна и отворена поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за работодавачите и крупниот капитал. Со тоа се минира процесот на договарање на трите социјални партнери во Економскиот совет, давајќи им аргумент повеќе на стопанските комори да не ги прифатат барањата на Синдикатот. Што и не е за чудење, ако се знае дека најблиската соработничка на Славески во раководењето со Градот Скопје е градоначалничката Данела Арсовска, која на оваа функција дојде од местото Претседателка на Сојузот на Стопански комори.

Впрочем, тандемот од кампањата за локалните избори Славески/Арсовска, уште во 2019 година се бореа против зголемување на минималната плата. Данела Арсовска тогаш, како претседателка на Сојузот на стопански комори, во улога на заштитник на приватниот капитал, ќе изјави:

„Дефинитивно сме против вештачко зголемување на минималната плата!“ – изјави Арсовска во 2019.

Во тоа време, 2019 година, Славески во дебата на телевизија Телма со тогашниот Вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, апелираше власта да не продолжи да ја покачува минималната плата, бидејќи тоа ќе направи нестабилност во компаниите и ќе создаде незадоволни вработени чии плати нема да се покачат.

Поранешиот министер за финансии во ТВ Телма, 2019

„Апелираме, немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата. Тоа ќе донесе нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови, јавниот сектор, приватниот… Ве предупредуваме, немојте да го направите тоа, за доброто на државата. Немојте да си играте поради вашето незнаење. Да ја зголемувате така вештачки платата. Создавате притисоци за зголемување на останатите плати, правите ршум во компаниите!“ – рече тогаш Славески (2019, ТВ Телма), во нападот на политиките на Владата за зголемување на минималната плата на вработените.

Очигледно, некои ставови, особено ако се врз грбот на другите, во случајов работниците, Трајко Славески не ги менува ни денес. Дали ова се само лични ставови на професорот Славески или партиска доктрина на ВМРО ДПМНЕ?

Колумната во целост на следниот линк

]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести