На новинарско прашање со што се вооружени тој и групата со која е и што имаат намера да направат кога ќе дојдат Русите, Порошенко одговори:
„Многу е едноставно. Еве, ова е краток калашников, имаме околу 300 припадници на територијалната одбрана и имаме два митралеза и тоа ни е се. Немаме тешка артилерија, немаме тенкови… Овој процес со вооружувањето го започнавме пред само неколку дена.
Има долга колона луѓе кои сакаат да се пријават, но немаме доволно оружје. Има обични луѓе кои никогаш не биле во војска. Многу е трогателно и навистина одлично да се покаже колку Украинците го мразат Путин и колку се противат на руската агресија. Тоа е сосема јасно“ – изјави Порошенко.
Запрашан што мисли, колку долго можат да издржат, Порошенко, прво замолчел, а потоа одговорил:
„Засекогаш! Мислам дека Путин никогаш нема да ја освои Украина, без разлика колку војници или нуклеарно оружје има. Ние Украинците сме голема европска нација со голема иднина“, изјавил Порошенко за Си-Ен-Ен.
Поранешниот украински претседател претходно рече дека Владимир Путин целосно полудел.
„Тој е луд, тој е едноставно злобен, дојде овде да убива Украинци. Изгубивме околу 130 украински војници, но вчера беа убиени 800 Руси, кажа министерот за одбрана на Украина. Сакам да порачам дека Путин нема да ја запре Украина на нејзиниот пат за влез во Европската унија и тоа ќе го обезбедиме“, рече Порошенко.
Украинската влада, инаку, го сомничи Порошенко за тргување со проруските сепаратисти на истокот за време на неговиот мандат. Порошенко, чие богатство магазинот Форбс го процени на 1,6 милијарди долари, ја водеше земјата од 2014 до 2019 година, кога беше поразен на изборите од Зеленски.
Порошенко е под истрага за наводно предавство поврзано со финансирање на проруските сепаратисти преку нелегална продажба на јаглен додека бил на должност во периодот 2014-2015 година. Тој ги негира обвинувањата, а неговата партија го обвини Зеленски дека се обидува да ја замолчи политичката опозиција.
]]>


