Изгласана Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за оваа година


Владата на денешната седница ја изгласа Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

-Оваа програма има за цел да бидат остварени политиките на рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини. Да обезбеди стабилно производство на квалитетна храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството, обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и промовирање на нови начини на организирање на локално ниво, преку основање на јавни приватни партнерства (ЛАГ), се вели во соопштението од Влада

Програмата има за цел и да пружи поддршка на економско здружување на земјоделски производители во форма на земјоделски задруги, зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток, помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.

Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за оваа година е во вредност од 1,3 милијарди денари.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Економија, Ударни вести

Најчитани вести