На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 15 144 тутунари им исплати 2 028 714 243 денари.

Средствата се исплатени kako директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои своето производство на тутун од реколта 2025 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи запишани во Единствен регистар на земјоделски стопанства.

Висината на директните плаќања изнесува:

80 денари по килограм за I-I класа,
70 денари по килограм за I-II класа,
60 денари по килограм за I-IIIкласа, II-I класа од
ориенталните дополнителни тутуни, од типовите Прилеп и Јака.

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој