Тој додаде дека и сега бил одржан Економски совет на кој учествуваа претставници од академијата, гувернерката на Централната банка, претставници на стопанските коморите, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и останати експерти од економскиот и финансискиот сектор.
„Усвоивме пакет од вкупно 26 мерки и препораки поделени во две категории: мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за Финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка“ кажа Ковачевски.
Премиерот додаде дека влијанието врз нашите животи, животниот стандард и економијата на глобалната економска криза се големи, но дека заеднички ќе ги пребродиме.
„Животниот стандард, квалитетот на живот ни е приоритет. Стратегијата која ја поставивме и која и е преточена сега во овие 26 мерки и препораки, е целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Спречуваме сериозен ценовен шок, и на основните прехранбени производи и на енергенсите“ рече Ковачевски.
]]>


