Се огласи и британската амбасада: Македонската народна песна „Јовано, Јованке“ беше отсвирена во знак на почит кон македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска

Британската амбасада во Скопје вели дека британската почесна гарда вчера отсвири сегмент од македонската народна песна „Јовано, Јованке“ во знак на почит кон македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска, а национална химна се свири само при пречек на шефови на држави, пренесе СДК.

„Вчера, министерката Петровска беше пречекана со почесна гарда составена од Колдстримската гарда кога пристигна на средба со министерот за одбрана на Обединетото Кралство. Како што е вообичаено за ваквиот вид на гарда на почетокот беше отсвирен музичкиот сегмент „Скорпиус“. Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите, беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованко“. Национална химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави“, соопштија од Британската амбасада во Скопје.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести