(ВИДЕО) Кулеба итно бара авиони по рускиот напад на породилиште во Мариупол

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика меѓународните партнери да ѝ обезбедат авиони на Украина откако во руски воздушен напад беше погодено породилиште во Мариупол.

„Ужасно воено злосторство во Мариупол. Цел на руски воздушен напад беа болница и породилиште. Можевме да го запреме ова варварство со заштита на нашето небо. Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега! Животите се губат додека ова се разгледува одново и одново“, напиша Кулеба на Твитер.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1501582600254730240

Како што беше соопштено претходно денеска во руски воздушен напад врз Мариупол уништено е породилиште, болница, како и детски и терапевтски одделенија. На местото на несреќата остана кратер со дијаметар од повеќе од 10 метри.

https://twitter.com/liz_cookman/status/1501586280664252418

Зеленски го оквалификува рускиот воздушен напад како „ѕверство“, а за нападот се огласи и британскиот премиер Борис Џонсон.

„Има малку работи што се порасипани отколку да се напаѓаат  ранливите и оние без одбрана“, напиша Џонсон во твитот.

Тој кажа дека Велика Британија истражува како да обезбеди поголема поддршка за Украина во одбраната од воздушни напади.

„Ќе се погрижиме Путин да биде одговорен за неговите ужасни злосторства“, додаде Џонсон, кој на хаштагот на твитот додаде „Путин мора да не успее“.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести