Николовска: Поддршка на земјоделците од Липково за поголема искористеност на ИПАРД и други мерки на Владата

Денеска во Општина Липково на една маса бевме седнати агрономи, професори, претставници од МЗШВ, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, локалната власт и приватниот сектор.

Денеска градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи покажа каков треба да биде односот на првиот човек на општината кон земјоделците и земјоделското производство.Разговаравме за стратегија, за поддршка на земјоделците, нивна едукација за искористување на ИПАРД средствата и другите мерки од Владата.

Стана збор и за решавање на проблемот со пласманот преку моделот на Договорно производство на култури кои можат да се произведат во овој регион.Немаме време за губење, на сите ни е јасно што треба да се направи, потребно е само ставање во систем на сите чинители во овој дел и делување.

Затоа договоривме наскоро средба на земјоделците во организација на АГРОТИМ и Општина Липково, за сите овие важни теми. Заедно со земјоделците да придонесеме за развој на агрокоплексот.Му благодарам на градоначалникот за подготвеноста и желбата за соработка.

Фејсбук статус на Ленче Николовска – Агротим

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести