Европската комисија ја усвои новата #ИПАРД 3 програма.
Во неа има нови олеснителни услови за ефикасна искористеност на мерките:
Предфинансирање на инвестиции од 30 до 50%.
Зголемување на прагот на минималната инвестиција.
Можност за колективни инвестиции.
ИПАРД 2 со склучени инвестициски договори вредни 70 милиони евра комплетно ќе се искорсти.
Со ИПАРД 3 програмата очекуваме 60% повисок буџет со што во следните 7 години заедно со кофинансирањето од самите апликанти 250 милиони ќе се инвестираат во македонското земјоделство, агропреработувачка индустрија и рурален развој. Ова се рекордни средства кои ќе влезат во развојни проекти во инвестиции во преработувачки капацитети.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
]]>


